Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 21

:
Macedonian - 2006
1 Се крена сатаната против Израел и го поттикна Давид да ги преброи Израелците.
2 И Давид му рече на Јоав и на начал­ниците народни: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам нивниот број.“
3 Јоав рече: „Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто тоа да му стане причина за вина на Израел?“
4 Но царскиот збор надвладеа над Јоав. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израел, и дојде во Ерусалим.
5 И му даде Јоав на Давид список на преброениот народ. Сите Израелци беа еден милион и сто илјади мажи мечо­носци, и Јудејци четиристотини и се­думдесет илјади мечоносци.
6 А левитите и Венијаминовите пл­е­миња не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоав.
7 Тоа нешто Му беше мрско на Бога, и Тој го порази Израел.
8 И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.“
9 И му рече Господ на Гад, јасновидецот Давидов:
10 „Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.“
11 Дојде Гад кај Давид и му рече: „Така вели Господ, избери си:
12 ‚или три години глад, или три ме­сеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите не­пријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и ангел Господов да убива по сите предели на Израел.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.“
13 Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господ, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.“
14 И испрати Господ помор на Израел, и умреа седумдесет илјади души Израелци.
15 Па го испрати Господ ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се нажали поради тоа зло, и му рече на ангелот истребител: „Доста! Сега спуш­ти ја раката своја!“ А ангелот тогаш стоеше над гумното на Јеву­сиецот Орнан.
16 Давид ги крена очите и го виде ангелот Господов како стои меѓу небо­то и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум со началниците, покрие­ни со вреќишта.
17 И Му рече Давид на Господ: „Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Не­ка биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.“
18 И ангелот Господов му рече на Гад, за да му каже на Давид: „Нека дојде Да­вид и нека постави жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орнан.“
19 Давид отиде, според зборовите на Гад, кој му говореше од името Госпо­дово.
20 Орнан се сврте, го виде ангелот, а четворицата синови негови се сокрија. Орнан тогаш вршеше пченица.
21 Дојде Давид кај Орнан. Орнан, от­како погледа и го виде Давид, излезе од гумното и му се поклони на Давид ничкум до земја.
22 Давид му рече на Орнан: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе Му изградам на него жртвеник на Гос­под; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.“
23 Орнан му одговори на Давид: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите за дрва, и пче­ницата за принос; сето тоа го давам како дар.“
24 Царот Давид му рече на Орнан: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господ твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.“
25 И Давид му даде на Орнан за она место шестотини шекели злато.
26 Па Му изгради Давид таму жртве­ник на Господ и Му принесе сепаленици и помирителни жртви; и Го призва Господа, и Тој го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.
27 Тогаш Господ му рече на ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!“
28 Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусиецот Орнан, таму принесе жртва.
29 А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустината, и жртве­никот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонското возви­шение.
30 И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на ангелот Господов.